Утрински Весник
Спорт

Роберто Карлос: Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 дуели за Интер

Роберто Карлос: Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 дуели за Интер

Милано, 22 април 2020 (МИА) – Еден од најпознатите леви бекови во историјата, Роберто Карлос, се сеќава на периодот на Интер, трансферот во Реал Мадрид и други моменти во кариерата во интервју за ФИФА на Инстаграм.

– Во Интер ми беше дозволено да играм како крило, дури и како напаѓач. Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 натпревари. Потоа, ме пуштија како напаѓач и многу страдав. Разговарав со претседателот да му кажам дека не можам да играм таму затоа што доаѓаше Копа Америка и затоа морав да играм како бек. Интересно е што тој ден имав средба со претседателот на Реал Мадрид, Лоренцо Санс. За 10 минути завршив со Интер и потпишав со Реал Мадрид, рече бразилската легенда.

Тој признава дека како играч на Мадрид, неговиот омилен гол е против Барселона од директен слободен удар. Сепак, тој верува дека голот што му донел светска слава е оној против Франција.

View this post on Instagram

Muitas felicidades meu garoto Deus te abençoe sempre @rivaldo

A post shared by Roberto Carlos 罗伯特卡洛斯 (@oficialrc3) on Apr 19, 2020 at 6:59am PDT

Во врска со неговите најтешки противници, Карлос ги посочи Хоакин, Ето и Фиго.

– Фиго беше многу опасен. Тој е најтешкиот противник што сум го сретнал, вели бекот.

Бразилецот изрази и сочувство кон неговиот сонародник Нејмар.

– Нејмар е генијалец. Тој е добар, среќен, почитуван, постигнува голови, добар е во ПСЖ … Тој може да стане најдобриот фудбалер на светот во иднина, рече меѓудругото Роберто Карлос.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство