Утрински Весник
Магазин

Ријана и Асап Роки на интимна вечера во Њујорк

Ријана и Асап Роки на интимна вечера во Њујорк

Поп кралицата Ријана и раперот Асап Роки се во врска.

Тие се во почетна фаза на романтична врска, објави „Пипл“ во понеделникот, цитирајќи извор близок до двојката.

Потврдата дојде во саботата кога беа видени на интимна вечера со неколку пријатели во њујоршкиот ресторан “Беатрис Ин“, како што објави „Пејџ сикс“ викендов.

Ријана и Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, соработуваа на почетокот на оваа година во промотивната кампања за нејзината линија „Фенти скин“, и учествуваа во заеднички интервјуа со „Вог“ и „Џи-кју“ за промоцијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција

Работник опиша какви се условите за работа во Германија: „Кај Германец да, кај Балканец никогаш“

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година