Утрински Весник
Спорт

Ристовски го стави потписот на договорот со Динамо

Ристовски го стави потписот на договорот со Динамо

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го стави својот постпис на договорот со Динамо Загреб. 28-годишниот десен бек, изминатите три сезони беше играч на Спортибнг Лисабон, оваа сезона не одигра ниту еден натпревар за клубот од Лисабон.

Ристовски има големо искуство во хрватскиот шампионат, во 2017 година тој со Риека ја освои шампионската титула. Од тој тим на Риека, во Динамо сега се Марио Гаврановиќ и Јосип Мишиќ, соиграч ќе му биде и репрезентативниот колега Аријан Адеми.

„Горд сум што станав играч на Динамо. Чест и задоволсто што потпишав договор со најторфејниот хрватски клуб кој редовно игра во натпреварувањата на УЕФА. Сите знаеме какво реноме има клубот во Европа. Го познавам Адеми, тој ми е соиграч во репрезентацијата, тука има и неколку мои поранешни играчи. Тоа е факт што дополнително ме радува“, рекол Ристовски.

Динамо Загреб не ги објави финансиските детали од договорот, туку само објави дека Македонецот потпишал повеќегодишен договор. Според хрватските медиуми Динамо на Спортинг за Ристовски им платиле 1.300.000 евра.

> Ристовски го стави потписот на договорот со Динамо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027