Утрински Весник
Спорт

„Ридигер лошо реагираше кај голот на Бензема, се плашеше да не се повреди“

„Ридигер лошо реагираше кај голот на Бензема, се плашеше да не се повреди“

Поранешниот фудбалери на Астон Вила, Габриел Агбонлахор, кој пред една недела предизвика бура од коментари, кога во едно интервју, потценувачки изјави дека Роберт Левандовски е добра бидејќи игра во „Мики Маус лига“, повторно се огласи во јавноста со контроверзна изјава.

Тој го обвини играчот на Челси, Антонио Ридигер, дека плашејќи се да не се повреди имал лоша реакција кај третиот гол на Карим Бензема, на натпреварот Челси-Реал Мадрид (1:3).

„Знам дека додавањето на Менди беше лошо, но Ридигер интервенираше стравувајќи да не се повреди. Како да има подготвен трансфер и не сака да се повреди кога веќе се договорил“, рекол Агбонлахор за „talkSPORT“.

Ридигер, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти Челси. Го поврзуваат со Јувентус и Барселона, а дел од медиумите шпекулираат дека тој веќе се договорил со Реал.



„Лесно му е на Левандовски да игра во Мики Маус лига“

> „Ридигер лошо реагираше кај голот на Бензема, се плашеше да не се повреди“ <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0