Утрински Весник
Спорт

Ридигер го потпиша договорот со Реал

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер и официјално потпиша договор со Реал, соопшти „кралскиот клуб“. Ридигер (29) најпрвин ги мина лекарски прегледи во Мадрид, а потоа потпиша четиригодишен договор со европскиот шампион во присуство на првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Ридигер во Реал пристигна без обесштетување, откако му истече договорот со Челзи. Тој на почетокот на јуни договори соработка со Реал, а денеска беше претставен пред навивачите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Ридигер во Реал ќе го носи дресот со број 22.

Германскиот фудбалер пред Челзи настапуваше за Рома и Штутгарт.

Ридигер со Челзи ги освои ФА Купот, Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

> Ридигер го потпиша договорот со Реал <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата