Утрински Весник
Македонија

Риболовен ревир Крива Река 1 порибен со 306 килограми риба

Риболовен ревир Крива Река 1 порибен со 306 килограми риба

Крива Паланка, 23 јуни 2020 (МИА) – Здружението спортско-рекреативен клуб „Мрена” од Крива Паланка во периодот на пандемијата успешно ги реализира плановите за порибување на риболовен ревир Крива Река 1, кадешто се пуштени вкупно 306 килограми риба, пастрмка и крап.

– Кризата со пандемијата за сите донесе период на делумно или целосно запирање на тековните активности, а некои и ги одложи. Но нашето здружение ги спроведе редовните активности согласно Годишниот план за 2020 година во кој за периодот февруари- март и тековните месеци беше предвидено порибување на реките и браните во риболовниот ревир во кој дејствуваме, Крива Река 1. Со 102 килограми пастрмка се порибени Киселичка, Крива и Дурачка Река, додека во брана Отошница, на Отошничка Река се пуштени 204 килограми крап, по редовниот годишен план на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира Зоран Стоилковски, претседател на ЗСРК  „Мрена”, Крива Паланка.

Периодов, најави, се прават подготовки за организација на локално дружење на риболовци, една риболовна активност која се планира за 5 јули годинава, а ќе се организира согласно сите мерки, протоколи и препораки на Владата и Министерството за здравство, за заштита од Ковид-19.ид/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер