Утрински Весник
Свет

Речиси 80 отсто од Саудијците се за нормализација на односите со Израел

Речиси 80 отсто од Саудијците се за нормализација на односите со Израел

Седумдесет и девет отсто од Саудијците се за договор за нормализација со Израел во следните пет години, откриваат зачудувачките резултати од една анкета, а повеќе од 70 отсто од испитаниците од четири арапски нации сметаат дека арапските држави ќе ги нормализираат односите дури и без мировен договор меѓу Израел и Палестинците.

Односите меѓу Ријад и Ерусалим се затоплија во последните години, најмногу поради Иран како заеднички непријател.

Истражувањето, спроведено од Џејмс Зогби од американската „Зогби рисрч сервисес“ беше спроведено меѓу 3.600 Арапи од Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Палестинските територии во периодот од 24 јуни и 5 јули – еден месец пред да бидат објавени договорите за нормализација на односите меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин.

Повеќе од 1.000 Израелци биле анкетирани во посебен дел од анкетата.

Околу 59 осто од Јорданците и Саудијците, заедно со 58 отсто од Египќаните и 56 отсто од испитаниците во ОАЕ изјавиле дека ги поддржуваат договорите за нормализација меѓу Израел и арапскиот свет, повикувајќи се на регионална стабилност и економски просперитет.

Вкупно 61 отсто од Палестинците се спротивставиле на какви било обиди за нормализација.

Околу 80 отсто од арапските и израелските испитаници сметаат дека решавањето на израелско-палестинскиот конфликт е важно, но не гледааат како да се постигне мир.

Наодите се контрадикторни со неодамнешниот извештај објавен од Министерството за стратешки работи, според кој околу 90 отсто од објавите на арапски јазик на социјалните мрежи во врска со договорите за нормализација меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин се негативни.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата ја повика Саудиска Арабија да ги нормализира односите со Израел.

„Се надеваме дека Саудиска Арабија ќе размисли и за нормализирање на своите односи. Сакаме да им се заблагодариме за помошта што ја дадоа досега за успехот на Аврамскиот договор“, рече Помпео по разговорите со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња