Утрински Весник
Свет

Речиси 200.000 луѓе од Донбас пристигнале во Русија

Речиси 200.000 луѓе од Донбас пристигнале во Русија

Приближно 200.000 жители од регионот Донбас и други делови на Украина пристигнале во Русија до денес, изјави за ТАС С извор од руското Министерство за внатрешни работи.

„ Од денеска руската граница ја минале 197.900 луѓе, а повеќе од 173.000 пристигнале од Народната република Доњецк и Луганск, почнувајќи од 18 февруари, кога нивните власти најавија евакуација“, рече изворот.

Според изворот, околу 24.000 граѓани на Русија, Украина и други земји ја минале границата преку контролните пунктови на регионите Белгород, Брјанск, Курск, како и на Крим.

Агенциите за спроведување на законот прецизираа дека околу 50.000 деца се меѓу оние кои пристигнале во Русија, според ТАС С.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците