Утрински Весник
Македонија

Рестриктивните мерки продолжуваат, укинувањето можеби од почетокот или средината на мај

Рестриктивните мерки продолжуваат, укинувањето можеби од почетокот или средината на мај

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Рестриктивните мерки што важеа овој викенд ќе ги има и наредниот, а за следните викенди ќе се разгледува дали ќе има промена во однос на ограничувањата. Можеби ќе престанат да важат на почетокот или на средината на мај, но е многу тешко да се знае. Правиме автентични модели за функционирање потоа, рече министерот за здравство Венко Филипче на видеосесијата за коронавирусот.

Тој информира дека на утрешната владина седница ќе се разговара за рестрикците за следниот викенд, а еден од предлозите е да има ограничување на движењето од петок попладне до вторник наутро.

-Во однос на следниот викенд ќе разговараме точно каква мерка  ќе биде во тек на следнава недела  почнувајќи од утрешната владина седница .верувам дека еден од деновите ќе биде дополнително воведен  во викендот. Значи еден од предлозите е   д аим арестрикција на движењето од  петок попладне до вторник наутро.  Значи плус понеделник  што е мерка за овој викенд, рече Филипче.

Во однос на автентичните модели за функционирање потоа, како што укажа, ќе функционираме по распоред поинаков од она досега. Нема да има гужви и редици и, како и по секоја епидемија од непознат предизвикувач, светот нешто учи. Верувам дека во сите земји ќе биде така и нема да биде исто, барем не непосредно  по завршување на вакви рестриктивни мерки, рече Филипче.

Рече дека дел од Комисијата за заразни болести ќе работи со претставници на Стопанската комора за да се дефинира како ќе функционираат на различни дејности – фирми, ресторани итн… кога ќе се одлучи мерките  да престанат да важат.

-Тоа ќе биде најверојатно на почетокот или на средината на мај, сега е многу тешко да се знае, рече Филипче, додавајќи дека се прават автентилни модели како ќе функционираме според спецификата на дејноста, фреквенцијата на луѓе со постепено укинување и ублажување. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено