Утрински Весник
Магазин

Ресторан во Лондон казнет, но ќе ја задржи лиценцата откако призна вина за забавата на Рита Ора

Ресторан во Лондон казнет, но ќе ја задржи лиценцата откако призна вина за забавата на Рита Ора

На ресторанот кој го прекрши целосниот локдаун за да ѝ биде домаќин на 30-тиот роденден на Рита Ора, нема да му биде одземена лиценцата, објавија британски медиуми во четвртокот.

Тимот на поп-sвездата му понудил на менаџерот на „Каза Круз“, во Нотинг Хил, 5.000 фунти за да го отвори локалот и да им овозможи на гостите да присуствуваат на роденденска забава на 28 ноември, за време на вториот локдаун, соопшти полицијата.

Советот на Кенсингтон и Челси соопшти дека ќе ја суспендираат лиценцата на ресторанот за период од шест недели. Менаџерот на ресторанот изрази благодраност за внимателното согледување на околностите од страна на Советот.

„Со нетрпение очекуваме да ги послужиме нашите клиенти и заедницата веднаш штом ќе ни биде дозволено повторно да отвориме,“ рече директорот на ресторанот Ник Фелоус.

Рита Ора претходно се извини за забавата.

30-годишната пејачка одлета за Египет на приватен настап на 21 ноември. По враќањето следниот ден, требаше да се изолира две недели. Наместо тоа, таа организираше роденденска забава во Лондон, со што ги прекрши прописите за самоизолација кои ги спречуваат луѓето да се мешаат во затворен простор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“