Утрински Весник
Македонија

Ресенчанка за време на полицискиот час се движелa низ град со возило

Казнени налози за двајца тетовчани за непочитување на полицискиот час

 

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, известуваат од ОЈО Ресен.

– Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Севeрна Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест COVID-19. Таа на 24 април 2020 година била затекната како со возило се движи низ градот, соопштија од Обвинителство.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетата да и биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”