Утрински Весник
Свет

Републиканците бараат судењето на Трамп во Сенатот да се одложи за февруари

Републиканците бараат судењето на Трамп во Сенатот да се одложи за февруари
Dik 300x250 mk

Републиканците во американскиот Сенат ги повикуваат демократите да го одложат почетокот на судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп за февруари, пренесува „Би-би-си“.

Републиканците велат дека Трамп со одложувањето ќе има време за да ја подготви својата одбрана.

Трамп веќе беше отповикан во Претставничкиот дом за поттикнување на смртоносни немири во американскиот Капитол, со што е отворен патот да му се суди на Трамп во Сенатот.

Доколку биде осуден, може да му биде забрането да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, го разгледува барањет на републиканците.

Некои демократи го поддржуваат одложувањето, тврдејќи дека Сенатот ќе има повеќе време да ја потврди новата администрација, додека други велат дека е потребно брзо судење за земјата да продолжи напред.

Во средиштето на судењето на Трамп ќе бидат неговите потези пред нападот на Капитол на 6 јануари во кој загинаа пет лица.

Тој ги повика демонстрантите во близина на Белата куќа мирно и патриотски да го кренат својот глас додека се подготвуваат да маршираат кон Капитол.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани

Украина потврди напади со дронови врз голема руска фабрика за преработка на природен гас

Хамас тврди дека нема сознанија за судири со ИДФ во јужна Газа