Утрински Весник
Спорт

Репрезентативецот Серафимов има нов клуб

Репрезентативецот на Македнија, Никола Серафимов (22), има нов клуб. По една сезона тој реши да го напушти ЗТЕ, но ќе остане во Унгарија. Во новата сезона ќе го носи дресот на МОЛ Фехервар.

Новиот тим на Серафимов минатата сезона ја заврши на четвртата позиција во Унгарија, со што избори пласман во Лигата на конференции.

Серафимов во кариерата настапувал во Вардар, Брегалница, Академија Пандев, Јихлава и ЗТЕ.

> Репрезентативецот Серафимов има нов клуб <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара