Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен

Мицкоски: Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски кажа: „Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите барања, во делот на историјата, јазикот, идентитетот“. Според него, прифаќањето на предлогот значи менување на учебници и пишување како што тие сметаат, прифаќање дека Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

„Она што го слушате од Ковачевски не е битка за идните генерации, туку срам, пораз и капитулација за сите идни генерации бидејќи некој како Ковачевски и Маричиќ се дрзнале да го погазат македонскиот идентитет за кој жртви паѓале, животи се губеле, за кого мајка од дете се делела. За кого, мајка од ќерка се делела. Ете тоа не убедуваше Ковачевски. Тоа не е визија, туку срам и предавство. Тоа е она за што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и ќе се бори со се што располага, да го објасни пред граѓаните. Ваков ултиматум за Македонија е неблагодарен. Сакам да се знае дека сега е моментот кога треба да се биде јасен и гласен, да се заземе вистинска страна. Владата прави огромна штета, бидејќи одобрувањето на ваква преговарачка рамка значи: или во ЕУ како асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам на тоа“, посочи Мицкоски.

Тој е дециден дека Димитар Ковачевски лаже дека францускиот предлог е успех.

„Повикувам на сенароден протест. Заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нека ни се придружи утре, во 19 часот, пред Владата. Јас таму ќе бидам како ваш сограѓанин, како човек со име и презиме. Го повикувам целиот народ да се приклучи и да застане со нас, рамо до рамо. Да го спасиме процеост на преговори, овој преседан ќе им се прави на сите земји во регионот. Членстовото за ЕУ ќе стане цел која нема да ја достигнеме. Цел која за сите нас ќе биде недостижна. Само аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен ако нема задни намери. Повикувам на висока свесност за тешки удари кои оваа Влада и ги прави на Македонија. Или сега ќе кажеме гласно ‘не’ или ќе немаме право да бидеме гласни и преговори“, посочи Мицкоски.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните