Утрински Весник
Спорт

„Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден за мечот со Македонија

„Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден за мечот со Македонија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе има голема поддршка на натпреварот против Македонија во баражот за Светското првенство во Катар. Стадионот „Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден, објави ФИГЦ.

За помалку од пет часа денеска беа продадени и дополнителните 5.000 билети откако беа олабавени протоколите за Ковид-19.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра в четврток, со почеток од 20.45 часот, а победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

> „Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден за мечот со Македонија <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0