Утрински Весник
Спорт

Рено бара на Рејсинг поинт да им се одземат сите поени

Рено бара на Рејсинг поинт да им се одземат сите поени

Рено не се задоволни од одлуката на ФИА да ги казни Рејсинг поинт со 15 поени и 400.000 евра за копирање на делови од болидот на Мерцедес од 2019 и бараат тимот да ги загуби сите поени и се подготвени да одат на суд во нова контроверза во Ф1.

Болидот на Рејсинг поинт, кој доби прекар „розевиот Мерцедес“ поради сличноста со минатогодишниот болид на шампионот, предизвикува контроверзи од зимското тестирање и Рено бараше ФИА да реагира околу дизајнот на нивните сопирачки. ФИА реши да ги казни, но им дозволи да продолжат да ги користат сопирачките до крајот на сезоната 2020.

Рено се жалат на одлуката пред Интернационалниот апелационен суд на ФИА, а шефот на Рено, Сирил Абитебул вели дека е потребна построга казна.

„Гледаме нешто што го немаше во минатото. Ние минатата година бевме казнети во Сузука поради прекршување на спортските регулативи и исклучени од трката и тогаш немаше ’попуст’ за нас. Сега, за прекршување на техничките правила имаме ваква казна. Сакаме брза реакција“, вели Абитебул.

> Рено бара на Рејсинг поинт да им се одземат сите поени <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига