Утрински Весник
Македонија

Реновиран уште еден дел од Клиниката за ортопедија

Реновиран уште еден дел од Клиниката за ортопедија

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски, денеска извршија увид во завршени реконструктивни зафати на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ.

„Денеска сме тука за да одбележиме уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во нашата земја првенствено во интерес на нашите граѓани заради грижата за нивното здравје и заради нашите доктори, професори и другите здравствени работници. Во изминатиот период, додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со КОВИД-19, не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и грижата за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремената опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани“, рече Заев.

Тој додаде дека претходно на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) беше направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна ова е уште една во низата на реновирања на одделенијата на хируршките клиники во објект изграден 30-тите години од минатиот век и во кој повеќе од 70 години не е извршено никакво реновирање на просториите.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот