Утрински Весник
Македонија

Гужви на границите – на Богородица и Табановце се чека по еден час

Гужви на границите – на Богородица и Табановце се чека по еден час

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ, исто така, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од утре, 21 јули, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Можете да прочитате

Започна Д Фестивал – најголемиот македонски опен-ер музички фестивал!

Зајкова: Наместо професионализација на високата раководна служба, добивме регулирана владина “департизација”

Кривична пријава против екс градоначалник на Дебрца за „несовесно работење во службата“