Утрински Весник
Македонија

РЕК Битола работи на зголемување на еколошките стандарди во производство

РЕК Битола фото: ЕСм

РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години и за одговорните од исклучителна важност е запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија.

Ова го соопштија од Комбинатот откако денеска Државниот инспекторат за животна средина објави дека во 2019 година РЕК Битола го надминал лимитот на сулфур диоксид за 6.81 пати, а на прашина за 2.17 пати.

„За разлика од порано, комбинатот и АД ЕСМ во последните три години со забрзано темпо ги следат и реализираат бројните еколошки процеси за кои имаат преземено обврска и со кои треба државата да се прилагоди на високите европски стандарди за минимум емисии при производниот процес. Одлагалиштето за пепел во РЕК Битола од некогашните 33.000 м2 непокриена површина со пепел, сведено е на оптимален минимум само за дневно работење од околу 2.700 м2“, соопштија од Комбинатот.

Додаваат дека се направени капитални ремонти на сите три блока, намалена е потрошувачката на мазут до 33.000 тони дневно, за во последните години да падне и под 9.000 тони, набавени се и еколошки автобуси за превоз на вработените во РЕК Битола, а во 2019 поднесено е барањето до МЖСП за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за да тече производството според еколошките стандарди.

„Претстои реконструкција на електростатските филтри до 2023 година и десулфуризација до 2026 година за блоковите 2 и 3. Блок 1 ќе добие алтернативно гориво за производство. Десулфуризацијата е голема инвестиција која заедно со филтрите достигнува вредности од стотици милиони евра и потребно е време за реализација на истата. Од тие причини, на проектот се работи заеднички и со Владата, меѓународни финансиски институции, а се разгледуваат и можности за грантови од земји членки на ЕУ“, информираа од РЕК Битола.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја