Утрински Весник
Свет

Рекордни 255 новозаразени со коронавирусот во Хрватска

Рекордни 255 новозаразени со коронавирусот во Хрватска

Во изминатите 24 часа се евидентирани 255 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 1689.

Меѓу нив, 127 пациенти се во болница, од кои 13 се на респиратор.

Нема починати лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 7.329 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 168 починале, а 5.472 оздравеле.

Во моментов има 5929 лица во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 144.521 лица, од кои 2.397 во последните 24 часа.

Во округот Сплит-Далмација има најмногу заразени лица – дури 75. Следен е Загреб со 44 нови случаи, а зголемување на бројот на заразени лица е забележано и во Истра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег