Утрински Весник
Свет

Рекордни 219 нови случаи во Хрватска, починаа две лица

Хрватска со рекордни 140 новозаболени од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани рекордни 219 нови случаи на зараза со коронавирус, со што бројот на активни случаи во земјата порасна на 1.520 лица.

Во моментов 5.459 лица се самоизолирани, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Хоспитализирани се 122 пациенти, од кои 11 се на респиратор, а две лица починале.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на коронавирус во Хрватска, евидентирани се вкупно 7.074 лица заразени со коронавирус, од кои 168 починале, а 5.386 оздравеле.

До денес, тестирани се вкупно 142.164 лица, од кои 1.653 во последните 24 часа, според Националниот штаб.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко