Утрински Весник
Свет

Рекордна бројка на новозаразени во европското жариште на вирустот

Русите вршат масовно тестирање на вода и храна за присуство на коронавирусот

Велика Британија пријави 6.634 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број на заразени за еден ден и е знак дека земјата е погодена од вториот бран на пандемијата.

Денешниот врв на вториот бран е многу поголем отколку во април и мај, затоа што Велика Британија тогаш немаше можност да тестира толку голем број на граѓани, констатира „Ројтерс“. Според аганцијата, во овој момент капацитетите за тестирање се под голем притисок.

Објавено е и дека во последните 24 часа починале уште 40 лица, но здравствените власти нагласуваат и дека за време на првиот бран се регистрирале и по 1.000 смртни случаио дневно.

Новите рестриктивни мерки што пред неколку дена ги објави премиерот Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции во јавноста и деловните кругови во Велика Британија.

Презентирајќи ги мерките што во земјата може да останат на сила дури шест месеци, Џонсон предупреди дека Велика Британија дошла до опасна пресвртна точка во борбата со вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков