Утрински Весник
Свет

Рекорден дневен број на смртни случаи во Полска: Тоа се главно невакцинирани луѓе

Рекорден дневен број на смртни случаи во Полска: Тоа се главно невакцинирани луѓе

Дневниот број на смртни случаи од коронавирус во Полска, за време на четвртиот бран на пандемијата, достигна рекордни 669, соопшти денеска полското Министерство за здравство.

Министерството, исто така, објави дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24.266 нови случаи на инфекција со коронавирус. Најголем дневен број на смртни случаи во Полска, 954, е забележан во април годинава.

„ Ова е ефектот од овие последни недели, кога е зголемен бројот на заболени. Тоа се главно невакцинирани луѓе“ – изјави претходно владиниот портпарол Пјотр Милер.

Полска денеска усвои нови мерки против ковид за да спречи ширење на инфекции, дополнително ограничувајќи го бројот на луѓе присутни на некои јавни места, како ресторани, но и затворање на ноќни клубови.

Земјите ширум светот ги заоструваат рестриктивните мерки пред празничната сезона, по појавата на новиот сој – омикрон, кој досега е потврден во 77 земји.

Можете да прочитате

Де Вевер: ЕУ не може да бара од Белгија да го направи невозможното

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија