Утрински Весник
Свет

Рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирус во Германија

Рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирус во Германија

Во Германија се забележани 962 смртни случаи, што е рекорден дневен број на починати од коронавирус и тоа една недела по воведувањето на строго затворање на повеќето продавници, фризерници и други услужни дејности.

Вкупно 27.968 смртни случаи се пријавени во земјата, според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ).

Претходниот рекорден дневен биланс на смртност беше 952 пациенти, пријавени на 16 декември на денот на влегувањето во сила на затворањето.

Германија релативно добро управуваше со пандемијата на Ковид-19 во првиот пролетен бран во споредба со другите европски земји.

Но, последните месеци се забележува нагло зголемување на бројот на смртни случаи, а обидот да се намали бројот на заразени со делумно затворање, во кој продавниците и училиштата останаа отворени, пропадна во ноември.

Источногерманската провинција Саксонија беше сериозно погодена од вториот бран и забележа најголем број смртни случаи по глава на жител за време на пандемијата, со околу 57 смртни случаи на 100.000 жители.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп тврди дека Зеленски, а не Путин, го блокира мировниот договор за Украина

Германија и Франција ќе испратат војници во Гренланд

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд