Утрински Весник
Свет

Рекорден број на починати од Ковид-19 во Русија

Рекорден број на починати од Ковид-19 во Русија
Dik 300x250 mk

Во Русија, бројот на новозаразени со вирусот е зголемен за 65.109 во изминатите 24 часа, објави Рускиот кризен центар за борба против Ковид-19.

Вкупно 5.970 хоспитализации се пријавени поради коронавирус во последните 24 часа, што е пад од 3,9 отсто во однос на претходниот ден, јавува руската агенција ТАС С.

Во исто време, регистрирани се 655 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од Ковид во Русија се искачи на 326.767 од почетокот на пандемијата.

Вчера беа потврдени дури 679 смртни случаи.

Уште 21.714 лица закрепнале од Ковид во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на закрепнати се искачи на 10.045.336.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор