Утрински Весник
Свет

Рекорден број на починати во Иран, 440 за еден ден

Рекорден број на починати во Иран, 440 за еден ден

Рекорден број од 440 смртни случаи од последици од коронавирус е регистриран во Иран во последните 24 часа.

Иранските државни медиуми известуваат дека владата ќе донесе одлука за воведување на целосна, двонеделна блокада на главниот град, без дополнително објаснување, наведува „Ројтерс“.

Иран е најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирус на Блискиот Исток, досега починале вкупно 35.738 лица.

Портпаролот на Министерството за здравство за државната телевизија изјави дека во изминатите 24 часа биле регистрирани 8.289 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигнал 628.780.

Шефот на иранскиот медицински совет, Мохамадреза Зафарганди, изрази сомнеж во официјалните податоци, предупредувајќи дека Иран достигнал катастрофална стапка на смртност, пренесува ИСНА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“