Утрински Весник
Свет

Рекорден број на новозаразени во Грција

Грчки медиуми: Поголем дел од туристите од Србија позитивни на ковид-19

Во Грција денеска се регистрирани 262 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, а починалее две лица.

Вкупно починале 216 луѓе, а досега се заразени 6.177 луѓе.

Двојно е поголем и бројот на пациенти на интензивна нега. Денеска се 24, а минатата недела биле 13.

Зголемениот број на нови случаи, според властите се должи на непочитувањето на мерките за социјална дистанца во рестораните, кафулињата и на јавните собири.

Министерот за здравство, Василис Кикилијас рекол дека просекот на возраста на новозаболени опаднал на 36.

„ Може да се случи и ако сте млади и мислите дека сте неранливи“ напишал тој на Твитер.

Грчката влада во понеделникот најави дека рестораните нема да работат по полноќ во некои туристички дестинации како што се Миконос, Волос и Катерини, како и полуостровот Халкидики.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија во Словачка: Ја убил неговата трудна девојка, па се самоубил скокајќи под воз

Четворица загинати и 120 повредени во земјотрес со јачина од 5 степени во Иран

Тело на 15-годишно девојче е пронајдено на брегот на Рајна, полицијата се сомнева на таткото