Тетово, 2 мај 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа предвидени за контрола за постапување по здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик, се откриени 14 лица кои на разни начини прекршиле полициски час и сличните прописи што претставува најголем број од почетокот на мерката на 22 март, информира денеска тетовската полиција. За сите ќе има соодветен поднесок.
Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, наведе дека воедно по основата за проверка на задолжителното носење на заштита опрема со маски за лице издадени се предупредувања за 17 лица.
Во сместувачките капацитети на Попова Шапка во задолжителен државен карантин нема нови лица, а две лица го поминале 14-дневниот период.
СВР Тетово регистрира 11 нови лица кои добиле решенија за изолација дома од Државен здравствен и санитарен инспекторат, а извршени се 66 контроли. Седум луѓе потпишале изјави за самоизолација дома, а извршена е контрола на 68 лица.ас/см/