Утрински Весник
Свет

Рекорден број на заразени во Русија

Рекорден број на заразени во Русија

Во Русија се регистрирани 98.040 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број осми ден по ред, додека сојот омикрон продолжува да се шири, соопшти денеска кризниот центар.

Во извештајот се наведува дека 673 лица починале од Ковид 19 во претходните 24 часа.

Вчера официјално имаше 88.816 заразени, а денешната бројка претставува голем скок.

Можете да прочитате

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави