Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец

Реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец
Img 7972

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска).

На овој потег, ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот на должина од околу 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Улицата Васил Ѓоргов е 13.реконструкција што ја почнува Градот Скопје во оваа градежна сезона, а дел од сообраќајниците што веќе се реконструираат влегуваат во финалната фаза.

„Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Скопје за разбирањето, зашто ова што го прави Градот Скопје на крајот на летото и на почетокот на есента е од вистински интерес токму на граѓаните. Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива