Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на покривот на ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка

Реконструкција на покривот на ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка

Велес, 10 март 2020 (МИА) – Со средства од буџетот на Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Тополка“ во висина од 250 илјади  денари, комплетно е сменет и реконструиран покривот на зградата на јавното претпријатие во Општина Чашка.

Како што информира градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, се замени стариот и дотраен покрив од лесонитни табли, а се поставени нови табли од профилиран лим. Градежните работи ги изведуваше фирмата „ДЕЛТА ПРОМ“.

Градоначалникот Стојановски најави дека вакви проекти за реконструкција на јавни објекти ќе продолжат и во наредниот период. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството