Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Локалната самоуправа ќе го реконструира паркинг просторот во Карпош 3, поточно позади „Базаро“.
Од прес-службата на Општина Карпош инфомираат дека на паркинг просторот во Карпош 3 ќе се поставуваат бекатон плочки, на вкупна површина од 900 м2. – За таа намена, вчера почнаа подготвителните работи кои опфаќаат израмнување на теренот и тампонирање на подлогата, сооштуваат од општината.
– Станува збор за површина која повеќе години беше запуштена, каде при неповолни временски услови се создаваше кал, а во летниот период и прашина. Притоа, ваквата состојба на овој потег придонесуваше кон поголемо загадување на околината, посочуваат од општината.
Со оваа интервенција, од Општина Карпош очекуваат да се подобрат инфраструктурните услови на оваа локација и дополнително да се влијае кон одржување на здравата животна средина.фф/ац/