Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на атмосферската и фекалната мрежа на улицата „Киро Фетак“ во Драчево

Реконструкција на атмосферската и фекалната мрежа на улицата „Киро Фетак“ во Драчево

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во населбата Драчево на улицата „Киро Фетак“ се врши реконструкција на фекалната и атмосферската канализација.

Од општина Кисела Вода информираат дека фекалната канализација е во должина од 395 метри, а атмосферската од 245 метрии. Градежните работи на улицата, според предвидените планови, ќе се одвиваат до крајот на месецов.

Истовремено, во должина од 2.986 метри се поставува и фекална канализација во селото Усје, во кое досега немаше систем за одведување на отпадни води.

Градежните активности се одвиваат со средства од општината. бак/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови