Утрински Весник
Македонија

Рекетари на сила однеле човек на нотар во Тетово и го принудиле да им го препише неговото „масерати“

Рекетари на сила однеле човек на нотар во Тетово и го принудиле да им го препише неговото „масерати“

Скопскто основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои и една нотарка, за сторени кривичнии дела изнуда (помагање за изнуда), загрозување на сигурноста и несовесно работење во службата. Преку овие кривични дела, тие се обиделе насилно да одземат автомобил марка „масерати“ од оштетениот во случајот.

За помагање при извршување изнуда обвинета е жена која делото го сторила на 6 септември минатата година и го остварила првиот телефонски контакт со оштетениот, при што му се претставила како девојка на првообвинетиот и побарала од него средба и финансиска помош.

Таа го намамила да се сретнат следниот ден на улицата „Качанички пат“.

Кога дошол на средбата, го опколиле другите обвинети кои на повеќе локации на Качанички пат, автопатот Скопје-Тетово, патарината Глумово, но и во нотарската канцеларија на обвинетата нотарка во Тетово, со употреба на сила и закани го принудувале оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, да им го препише сопствениот автомобил „масерати“, без притоа да му биде платено.

Обвинетата нотарка се товари дека несовесно постапувала во вршење на своите овластувања, па поттикната од првообвинетиот ја отворила нотарската канцеларија надвор од работното време, го составила договорот за купопродажба на возилото, наведувајќи притоа повеќекратно помала и нереална цена од 2.950 евра.

Иако не било извршено никакво плаќање на наведената цена, во Договорот таа навела дека сумата од 2.950 евра била исплатена пред нотарот, на денот на заверка на потписите, со што овозможила нелегален пренос на сопственоста над автомобилот во корист на првообвинетиот.

Второобвинетиот во овој предмет, на 8 септември минатата година, при обидот да биде уапсен, ја загрозил сигурноста на полицаец во реонот на езерото Треска, кој постапувал по наредба. Тој му се заканил на полицаецот дека ќе го убие и после 10 години кога ќе излезе од затвор.

За четворица од обвинетите, кои претходно имале определен куќен притвор, надлежниот јавен обвинител побарал продолжување на мерката, со цел непречено водење на кривичната постапка.​

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје