Утрински Весник
Македонија

Редуциран линиски превоз во Куманово наредните две недели

Редуциран линиски превоз во Куманово наредните две недели

Куманово, 11 март 2020 (МИА) – Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина и природа од Општина Куманово ги информира граѓаните дека согласно актуелната состојба со коронавирусот на територија на Република Северна Македонија, од утре во наредните две недели општинскиот линиски превоз на патници на територија на општина Куманово ќе се одвива по редуциран возен ред, односно возен ред кој важи за време на зимскиот и летниот училишен распуст, како една од мерките препорака за превенција за ширење на вирусот.

Претходно заседаваше и Општинскиот кризен штаб кој меѓу препораките за целосно почитување на насоките на надлежните институции, препорача и дезинфекција на училишта, градинки, како и редуциран линиски превоз. ам/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога

Ќерката на Ивановска ја напушти Македонија и покрај можноста за работа – причината е нефункционалниот систем