Утрински Весник
Економија

Редовен годишен ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

Редовен годишен ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

Битола, 31 март 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, имаше краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на Блок 2 на РЕК Битола, информира Секторот за односи со јавност на термоелектраната.

-Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана, посочуваат од РЕК Битола и потсетуваат дека продолжуваат со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт. мт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!