Утрински Весник
Економија

Регулаторната на трговците со мазут им го скрати рокот за обезбедување резерви

Регулаторната на трговците со мазут им го скрати рокот за обезбедување резерви

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на денешната главна седница донесе одлуки со која им даде рок од 90 дена на трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со мазут РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Практично во утврдениот рок од 90 дена, трговците на големо со мазут мора да ги обезбедат потребните количини на оперативни резерви на мазут во своите складови, кои за секој трговец се пресметуваат по методологија утврдена во Правилникот.

„ Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу 6 месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут. Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа“ изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во првата фаза РКЕ ги извести трговците за постоење на причини за отпочнување на постапка за одземање на лиценци, по што во рок од 7 дена три од четири трговци на големо со мазут доставија одговор на нашето известување и тоа Ли Оил, Супертрејд и РКМ, додека Пертинакс не достави.

Трговците на големо со мазут објаснуваат дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донело во април 2021 годинава е без период за прилагодување на компаниите со новите промени. Тие се жалат дека состојбата со короната ја отежнала работат во тој период и го намалила капацитетот на вработените. Дел од компаниите тврдат дека веќе ги обезбедиле неопходните резерви, а дел побараа и максимален рок од 6 месеци за да се усогласат.

Можете да прочитате

Дурмиши: Работиме на долгорочно решение за структурно и планско намалување на инфлацијата

Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари