Утрински Весник
Македонија

Регистриран прв случај со коронавирус во Берово

Регистриран прв случај со коронавирус во Берово

Берово, 9 мај 2020 (МИА) – Во Берово е регистриран првиот случај со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека надлежните служби ги преземаат сите мерки, со цел да не се дозволи натамошно ширење на вирусот во градот.

-Како општина, спроведовме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучитална важност, е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација. Посебно, да ја почитуваме мерката, со која се забранува собирање во групи, во паркови и на други јавни места. Воедно сакам да упатам апел, до сите граѓани, да не се крева паника и притоа ги повикувам на смирено и разумно однесување, истакна Пекевски.

Посебен апел упати до сите малопродажни објекти, маркети и сите компании, кои вршат дејност, да посветат големо внимание кон придржувањето до пропишаните мерки на заштита.

-Со тоа не само што ќе се заштитат вработените, туку и самите клиенти, а со тоа и самите ние. Берово и неговите граѓани, во огромен процент се придржуваа на мерките и затоа бевме една од општините во кои досега не беше регистриран вирусот. Верувам дека со доследна почит на сите мерки, ова ќе остане изолиран случај и ќе останеме без други заболени, додаде Пекевски.

Од општините во крајниот Исток единствено Македонска Каменица е општина каде досега нема регистриран случај со Ковид-19. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Штипскиот матурант Марио Ванчоски освои сребрен медал на Меѓународната 57. Хемиска олимпијада во Дубаи

Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат