Утрински Весник
Македонија

Регистриран земјотрес меѓу Штип и Кочани, но не е поврзан со оние во Хрватска

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтер бил регистриран денеска во 12:34 часот. Потресот е регистриран во делот на Карбинци. Според Михаил Гаревски, директор на Институт за земјтресно инженерство и климатски промени, Македонија припаѓа на друго епицентрално подрачје и кај нас земјотресите кои ја погодија Хрватска не се почувствувани.

„Земјотресот меѓу Штип и Кочани не е во никаква корелација со земјотресите во Хрватска“, рече Гаревски.

Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера, но најсилниот, со разорна моќ беше денес во 12.19, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километри од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен