Утрински Весник
Македонија

Регистриран земјотрес во јужниот дел на Охридско езеро, почувствуван во Охрид и околината

Регистриран земјотрес во јужниот дел на Охридско езеро, почувствуван во Охрид и околината
Dik 300x250 mk

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрираше земјотрес во јужниот дел на Охридско езеро.

Епицентарот се наоѓа 150 km јужно од Скопје во соседна Република Албанија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML3.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Охрид и околината.

Можете да прочитате

Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд