Утрински Весник
Македонија

Регионалната универзитетска школа за безбедност ќе ја отвори претседателот Пендаровски

Регионалната универзитетска школа за безбедност ќе ја отвори претседателот Пендаровски

Денес во Хотелот „Александар Палас“ -Скопје свечено ќе биде отворена Регионална Универзитетска школа за безбедност: „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на Западен Балкан“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола.

Во рамки на свеченото отворање воведни предавања и свое обраќање ќе имаат Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, Ханс-Герт Потеринг – поранешен претседател на Европскиот парламент и висок претставник за европски прашања при Фондацијата Конрад Аденауер, Берлин, СР Германија; Вернер Фаслабенд – претседател на Академскиот совет на Центарот на Европско образование Вилфред Мартенс од Брисел и поранешен министер за одбрана на Австрија; Марјан Ѓуровски – проректор на УКЛО; Анке Холштајн – амбасадор на Сојузна Република Германија во РС Македонија; Кејт Мари Брнс – амбасадор на САД во РС Македонија.

Активно учество на три дневната конференција која ќе се одржи на хибриден начин ќе земат истакнати експерти и студенти од СР Германија, Австрија, Белгија, Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Грција, Република Србија.

Фокусирајќи се на државите од Западниот Балкан на меѓународниот форум од областа на безбедноста ќе се процени влијанието на новите државни актери и играчи што може негативно да влијае на европеизацијата и консолидација на регионот на Југоисточна Европа.

Можете да прочитате

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година