Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ребел Вилсон ќе ги води БАФТА-наградите оваа година

Ребел Вилсон ќе ги води БАФТА-наградите оваа година
Img 7972

Актерката Ребел Вилсон оваа година ќе биде домаќин на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност („БАФТА“).

Таа ќе ја преземе функцијата од Дермот О’Лари и Едит Боумен, кои беа домаќини на главно виртуелната церемонија минатата година во услови на ограничувања наметнати од пандемијата.

Сепак, BAFTAS, познати како британски оскари, може да се соочат со главоболка откако „Наградите по избор на критичарите“ (Hollywood’s Critics Choice Awards) објавија дека нивниот настан ќе се одржи истиот ден, 13 март.

Некои ѕвезди ќе бидат номинирани и за двете, и ќе мора да изберат на која ќе присуствуваат.

Церемонијата на доделување награди по избор на американско-канадски критичари или Hollywood’s Critics Choice Awards требаше да се одржи овој месец, но беше одложена поради Омикрон-варијантата на Ковид.

Можете да прочитате

Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери

Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години