Утрински Весник
Спорт

Реал нема намера да го враќа Роналдо

Реал нема намера да го враќа Роналдо

Мадрид, 8 април 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид ги отфрли шпекулациите дека има намера да го врати во тимот Кристијано Роналдо.

– Реал Мадрид нема планови да го врати напаѓачот на Јувентус. Идејата за враќање на Португалецот не спаѓа во спортската политика на клубот, објави „АС“, повикувајќи се на извор во раководството на Реал.

Претседателот, Флорентино Перез, го цени Роналдо за неговиот придонес во историјата на тимот, но смета дека „неговото време веќе помина и спортските задачи се различни“, се додава во информацијата на шпанскиот медиум.

За потсетување, Роналдо се пресели од Реал Мадрид во Јувентус во летото 2018 година за 112 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра