Утрински Весник
Спорт

Реал нема да ги игра домашните натпревари на стадионот на Атлетико

Време е за „Ел Класико“

Мадрид, 11 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид одби да биде домаќин на домашните натпревари на стадионот Атлетико, пренесува „ЕСПН“.

Претходно, претседателот на Атлетико, Енрике Серезо предложи Реал Мадрид да ги одржи натпреварите во нивната арена. Според изворот, раководството на Реал Мадрид го одбило предлогот на претседателот на Атлетико.

Стадионот на кралскиот клуб „Сантијаго Бернабеу“ моментно е во реконструкција, па Реал планира да одржи шест натпревари на стадионот на тренинг-базата „Алфредо ди Стефано“.

Шампионатот на Шпанија по паузата поради пандемијата на коронавирус ќе продолжи вечер со дуелот Севиља – Бетис. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера