Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид сака да го продолжи договорот со Рамос до 2022 година

Рамос: Реал ќе продолжи да се подобрува
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мацдрид, 9 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид сака да го продолжи договорот со капитенот Серхио Рамос, пренесува „Ас“.

Според шпанскиот медиум, сегашниот договор со 34-годишниот дефанзивец истекува  летото 2021 година. Реал Мадрид сака да го обнови договорот со Рамос до 2022 година. Преговорите меѓу страните сè уште не се започнати.

Рамос игра во Реал Мадрид од 2005 година, станувајќи четирикратен шампион на Шпанија и четирикратен победник во Лигата на шампиони.

Оваа сезона дефанзивецот има 34 натпревари на сите турнири на кои постигна седум голови, заработи седум жолти картони и еден црвен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk