Мадрид, 6 април 2020 (МИА) – Повеќекратниот европски и шпански шампион Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач. Тренерот на „кралскиот клуб“ го следи напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, за кого исто така се тврди дека е заинтересирана и Барселона.
Но, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, повеќе го сака напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд.
Реал може да му понуди на германскиот клуб за Хполанд размена со Лука Јовиќ плус доплата. Јовиќ не може да се прилагоди во Ла Лига. зс/