Утрински Весник
Спорт

Реал загуби од Бетис и му го препушти врвот на Барселона

Реал загуби од Бетис и му го препушти врвот на Барселона

Севиља, 9 март 2020 (МИА) – Во последниот натпревар од 27. коло од шпанската Ла Лига, Реал Мадрид синоќа беше поразен на гостувањето кај Бетис со 2:1. За Реал ова беше втор пораз во последните три натпревари од домашното првенство.

Стрелци на головите за тимот од Севиља беа Сиднеи во 40. и Тељо во 80. минута, Бензема од пенал во финишот на првото полувреме го постигна единствениот погодок за Реал.

„Кралскиот клуб“остана на 56 бода и пропушти шанса со победа да се врати на првото место на табелата на кое сега е Барселона со 58 бода.

Бетис е на 12. место со 33 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен