Утрински Весник
Спорт

„Реал е најголемиот клуб во историјата, тоа не може да го промените“

„Реал е најголемиот клуб во историјата, тоа не може да го промените“

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан уште еднаш истакнал дека не го интересираат приказните дека неговиот тим победува со помош на судиите.

Реал во последните три натпревари добија три пенали поради што во Шпанија се покрена голема дебата околу употребата на ВАР-системот. Два од последните три натпревари ги доби со 1:0.

„Не ме интересира што зборуваат другите. Нашата работа е да покажеме колку сме добри. Сите сакаат нешто да кажат бидејќи Реал е најголемиот клуб во историјата, тоа нема да се промени“, рекол Зидан и дополнил.

„Секој има право на свое мислење, нема да дозволам тоа да ми влијае. Ние сме задолжени за она што се случува на теренот, за мене е најважен трудот што го вложуваат играчите.“

Реал се први во Примера со бод повеќе и натпревар помалку од Барселона.

Вечерва Реал гостува кај Гранада.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите 

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока