Фудбалерите на Реал со победата во Гранада 2:1 го затворија 36 коло во Примера. По тешко извојуваниот триумф на играчите на Зинедин Зидан во последните две кола им sе потребни два бода за да ја освојат шампионската титула.
Реал во Гранада одигра одлично прво и просечно второ полувреме, а победата во 85 минута ја спасија голманот Куртоа кој го одбрани ударот на Кортези капитенот Рамос кој од гол линијата ја исфрли топката по ударот на Азиз.
Реал наметна силно темпо на почетокот на натпреварот што резултираше со два брзи гола. Менди го отвори резултатот во 10 минута, а шест минути подоцна неговиот сонародник Бензема зголеми на 2:0.
Играчите на Грандата одиграа подобро во вториот дел, постигнаа и гол преку мачис во 50 минута, но немаа сили, ниту среќа да освојат бод против Реал.