Утрински Весник
Спорт

Реал, Барса, Ефес и седум други клубови против намерите на сопственикот на Панатинаикос

Реал, Барса, Ефес и седум други клубови против намерите на сопственикот на Панатинаикос
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Атина, 13 јуни 2020 (МИА) – Десетте лиценцирани клубови од Евролигата – Реал Мадрид, Барселона, Анадолу Ефес, ЦСКА, Олимпија, Фенербахче, Олимпијакос, Макаби, Баскија и Жалгирис – издадоа заедничка изјава во врска со намерите на сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос.

Клубовите велат дека нема да толерираат вакви „неосновани клевети“ од бизнисменот, но сакаат Панатинаикос да остане во Евролигата.

– Сите клубови изразуваат силна желба Панатинаикос (Атина) да го продолжи својот пат во Евролигата, бидејќи клубот е составен дел од него во последните 19 години. Клубовите ќе преземат такви активности, според кои сметаат дека се неопходни за да се заштити угледот и интегритетот на нивните колективни и индивидуални територии, како и да се осигури дека клубот целосно ќе ја почитува секоја обврска, кон која се ангажирал како член на групата, се наведува во точка бр.6 од изјавата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место